Само ден откако Илкај Гундоган се прости од „Етихад“, англискиот и европски шампион Манчестер Сити ја донесе неговата замена и не само тоа, Хрватот, Матео Ковачиќ ќе ја носи „осумка“ на Гундоган.
Веќе е познато дека обештетувањето ќе изнесува околу 30 милиони евра со дополнителни пет преку бонуси. Хрватот беше на продажба, бидејќи влезе во последната година од договорот, а Сити го искористи тоа и го доведе како идеална замена за тригодишниот Гундоган.
Ковачиќ има големо искуство, во Челзи стана еден од најдобрите во Премиер лигата, а тоа не сакаше да го пропушти Пеп Гвардиола.
„Ова е голем трансфер за мене. Едвај чекам да ги започнам подготовките со Манчестер Сити. Секој кој ги гледал тимовите на Пеп знае колку се добри.
За мене тие се најдобри во светот. Тие освоија толку многу трофеи на кои не можеш да ги видиш ни почетокот ниту крајот, а играат најубав фудбал “,
изјави Ковачиќ.
Хрватот пред Челзи настапуваше и за Реал Мадрид, Интер каде стигна од Динамо Загреб.