Како што објавија бројни етаблирани европски медиуми, Баерн Минхен ја испрати првата официјална понуда за првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн.
Станува збор за сума од 70.милиони евра за капитенот на Англија, плус бонуси. Но, Тотенхем ја одби првата понуда.
Кејн кој беше поврзуван и со Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, има уште една година од договорот со лондонскиот тим, кој секако ќе се обиде да го продаде летово, за да заработи.
Желбата да оди во Минхен е еднаква на намерата на Баерн да го доведе, пренесуваат англиските таблоиди. Тој во моментов е прв избор на Бацарците меѓу напаѓачите.