Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави листата на фаворити за претстојното Светското првенство (по ново Светски куп), или така-наречениот „power ranking“ според кој се оценуваат шансите на репрезентациите да стигнат до шампионскиот трофеј. 

Иако се далеку од посакуваниот нов „Дрим тим“, Американците кои во моментов се второ рангирани на ФИБА листата, сепак се со најголеми шанси за титулата. 

Нивни најголеми конкуренти би требало да бидат Шпанците. Актуелните европски шампиони се на првата позиција на ФИБА листата.

На бронзените од последниот Мундијал, Французите и сега им се даваат шанси како трето рангирани, а по нив со помали шанси за успех и освојување на трофејот во ТОП 10 следуваат: Австралија, Словенија, Канада, Германија, Србија, Грција и Бразил.

Во појаснувањето, ФИБА наведува дека оваа прогноза не е официјална, туку е проценка пред турнирот.

Годинава домаќини на Светското првенство ќе бидат, Филипините, Јапонија и Индонезија, а шампионатот започнува на 25 август.