македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се избори за полуфинале во својата категорија на Европските игри во Краков, Полска. Нашиот адут за медал во 2.коло го победи Украинецот, Анрдри Харбар со 2:1
Во првата рунда Украинецот, ја доби со 4-2, но во втората македонскиот репрезентативец беше доминантен, па со 7-0 ја доби и се избори за решавачка трета рунда. По голема борба во која противникот имаше и осум поени предност (9-1) Георгиевски го покажа својот квалитет и ја сврте борбата добивајќи ја рундата со 16-14 за конечни 2:1 во рунди.
Со оваа победа македонскиот адут за медал избори пласман во полуфиналето во кое ќе се бори со Иван Гарсија Мартинез од Шпанија кој ја има улогата на трет фаворит, додека Дејан е второ рангиран.
Борбата за финале започнува во 16 часот и 12 минути,
а истата ќе може да ја гледате ОВДЕ ВО ЖИВО