Екипата на Македонија Ѓорче Петров го претрпе и вториот пораз на подготовките во Словенија. Откако „Лавовите“ од Ѓорче пред три дена загубија од Марибор (1-3), попладнево тие се поразени од екипата на Цеље со 1-2. 

Словенечкиот тим поведе со погодокот на Бобичанец во 23-,минута, а Матко во 75-тата зголеми на 2-0.

Поразот го ублажи младиот Дарко Сековски со погодокот во последната мунута, најавувајќи дека тренерот Симов и тоа како во иднина може да смета на ова 17-годишно момче, кое недамна со Ѓорчепетровци го првиот професионален договор. 

Нашиот Куп победник, освојувачот според плановите треба да одигра уште две контролни средби со словенечкиот Радомње во четврток, и во сабота со српската екипа Чукарички. 

Овие натпревари се дел од подготовките за Македонија ЃП пред настапот во Конференциската лига во која во првата квалификациска рунда Ѓорчепетровци ќе играат со екипата на РФС Рига од Летонија.