Европската фудбалска федерација (УЕФА) информира  дека ја исфрлила Осасуна од Конференциската лига, каде шпанскиот клуб требаше да започне од плеј-оф рундата.

Клубот од Памплона ја потврди веста на својата официјална веб-страница и објасни дека казната е изречена поради вмешаност на клубот во местење натпревари во сезоната 2013/14.

Во Осасуна сметаат дека казната е престрога и неоправдана и најавуваат жалба на оваа одлука.

Доколку таа жалба биде одбиена, а речиси е сигурно дека ќе биде, според шпанските медиуми, тогаш баскискиот ривал на Осасуна, тимот на Атлетик Билбао ќе игра во плеј-офот на Конференциската лига, бидејќи Атлетик кој во претходниот шампионат беше осми, едно место зад  Осасуна.