Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги избра Соединетите Американски Држави за домаќин на најголемото Светско клупско натпреварување во 2025 година, на кое ќе настапат рекордни 32 екипи.

Дури 12 екипи ќе бидат од територијата на Европа и тоа четирите освојувачи на Лигата на шампионите во периодот од 2021 до 2024 година (Челзи, Реал, Манчестер Сити и победникот на следната), додека останатите осум ќе бидат утврдени врз основа на позициите во рангирањето на УЕФА.

„Светското првенство во 2025 година ќе биде врв на елитниот професионален машки клупски фудбал, со потребната инфраструктура и големи локални интереси. САД се идеални за почеток на нов, глобален турнир“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за „Скај њуз“.