Сегашната генерација во Македонската фудбалска репрезетнација ќе се обиде да го направи она што пред 17 и 21 година го направија генерациите пред нив, да се вратат непоразени од гостувањето кај „Горниот Албиоин“.
Избраниците на благоја Милевски, по прокоцкаат победа и болниот пораз против Украина, вечерва на „Олд Трафорд“ ќе се обидат да го поправат впечатокот и да го изненадат големиот фаворит, селекцијата на Англија.
Англичаните влегуваат како први во групата со сигурни две победи на стартот и сосема оправдано ја имаат улогата на апсолутен фаворит на вечерашниот натпревар. Но Македонија токму кога е прерано отпишана, е најопасна. Повозрасните навивачи добро се сеќаваат на ремито во 2006 кога ремизиравме 0:0 или уште подобро на онаа од 2002 кога Шаќири од коренер го шокираше Симон, а ние останавме непоразени, 2:2.
Сепак ова се две целосно различни репрезентации, а Англичаните во последно време се помалку дозволуваат изненадувања, па ќе биде навистина тешко да се остане непоразен во Манчестер.
Добра вест во пресрет на натпреварот е тоа што сите наши играчи се подготвени па ќе можеме со сите сили да истрчаме на теренот.
Англичаните пак ги предводи капитенот Хари Кејн, а тука се уште и Рашфорд, Тренд Арнолд, Џек Грилиш и уште многу други фудбалски ѕвезди кои ќе бидат вистинска опасност по раштиманата македонска одбрана.
Натпреварот ќе се игра на Олд Трафорд а билети за натпреварот веќе нема, па се очекува пеколна атмосфера.
Главен судија ќе биде Ковач од Романија, кој во 20 часот и 45 минути ќе означи почеток на натпреварот Англија – Македонија.