Женската одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево го игра последниот натпревар од годинашново издание од Сребрената Еропска лига. Во дуелот од 6.коло од А групата нашите одбојкарки гостуваат кај Австрија репрезентација која се бори за првото место во групата и ќе чека кикс на Летонија, за да ја мине оваа селекција на чело на табелата.
Сепак нашите одбојкарки се подготвени за уште еден дуел и евентуално да го освојат првиот сет, особено што беа на чекор да го сторат тоа на претходниот дуел.
Почетокот на натпреварот Австрија – Македонија е во 17 часот.
Табела по пет одиграни натпревари: Естонија 12 бода (4-1 победи/порази), Австрија 12 (4-1), Летонија 6 (2-3), Македонија 0 (0-5).