Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпеа петтиот пораз во натпреварите од Европската Сребрена лига.
На гостувањето во Рига, македонските одбојкарки се поразени од Летонија со 3:0.
Во првиот сет. Напите одбојкарки беа конкурентни се до 10-10, по што Летонките ја наметнаа својата игра и го добија сетот со 25-19. Во раната фаза на вториот сет домаќинките се одлепија па лесно го решија и тој сет во своја полза со 25-17.
Конечно во третиот напите одбојкарки покажаа карактер.
Во два наврати имаа негатива од три поени, по што направија комплетен пресврт и поведоа со +4. Во самиот финиш имаа нашите одбојкарки водство од 23-20, но како да се исплашија од шансата која им се пружи па им дозволија на противничките да освојат четири поени во низа.
Спасуваа четири меч топки, имаа и три да го освојат сетот, но не успеаја па Летонија го доби и тој сет со 31-29.
Во последниот натпревар, од своето деби на европската сцена, македонските одбојкарки во сабота и гостуваат на Австрија.