На европската одбојкарска сцена денеска на програмата се натпреварите од број 5 во женската конкуренција.
Македонските одбојкарки и овојпат ќе играат на гостински терен. Во меч од А групата на Сребрената лига тие гостуваат во Рига кај селекцијата на Летонија.
Иако досега ги загубија сите четири натпревари и тоа со максимални 3-0, сепак македонските одбојкарки се надеваат дека токму против Летонките ќе го освојат и првиот сет. Оптимизмот го должат на одиграниот прв меѓусебен дуел во Скопје во кој црвено-жолтите беа најблиску тоа.
Овој меч ќе започне во терминот од 16 часот, додека во 20 часот и 15 минути својот меч од ова петто коло ќе го одиграат селекциите на Австрија и Естонија.
На табелата Естонија е лидер со максимални 12 бодови, пред Австрија која има 9, Летонија 3 и нашата селекција која досега нема освоено ниту еден бод.