Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е во Задар каде вечерава ја очекува дуелот против Хрватска.

Тоа е натпревар од 5.коло на Ц групата во посилната Златна конкуренција во која избраниците на селекторот Јошко Миленковски веќе остварија две победи.

Едната од нив беше во драматичниот дуел токму со Хрватите кои во Скопје наместо со чисти 3-0 ги совладаа со 3-2 во сетови.

Дали црвено-жолтите ќе се израдуваат на првата гостинска победа останува да видиме по мечот што ќе се игра утре со почеток од 20 часот.

Претходно од 19 часот својот натпревар од ова коло ќе го одиграат водечката Украина и второ рангираната Белгија.

По четири одиграни меча, Украинците имаат максимални 12, двојно повеќе од Белгија која е втора со 6.  Македонија е трета со 5, додека Хрватите имаат еден бод.