Андреас Трајковски со скок од 7.70 метри (+2.8 м/с) го освои второто место на атлетскиот митинг кој е со бронзена етикета од Светска Атлетика. Ова беше втор натпревар во скок во далечина оваа сезона за Андреас на отворено.
Првото место на митингот му припадна на Даниел Инги Егелсон (Исланд) со прескокнати 7.92 метри, додека третопласиран беше Кристоф Пап (Унгарија) со резултат од 7.54 метри.
Трајковски заедно со останатите најдобри македонски атлетичари овој викенд ќе го бидат дел од Сениорскиот куп во атлетика што ќе се одржи на Националната Арена “Тодор Проевски“ во Скопје во организација на Атлетската федерација на Македонија.