Вистинска драма во последното коло во Серија А, каде до последниот свиреж не се знаеше кој ќе опстане во лигата а кој во кое европско натпреварување ќе игра следната сезона.
На крајот, Пауло Дибала и Рома се радуваа на победа над Специја и со тоа обезбедија пласман во Лигата на Европа, додека пак Специја за опстанок ќе мора да игра бараж против Верона. Вочлината на домашен терен трепереше до самиот финиш, кога Пауло Дибала од пенал погоди за водство од 2:1, што на крајот беше доволно за победа и шеста позиција на таблета.
Сигурни победи издвојуваа Аталанта, со 5:2 над Монца за потврда на петатта позиција и учество во Лига Европа, како и Милан кој иако немаше резултатски императив, сепак ја совлада Верона, со 3:1 и со тоа го однесе противникот во бараж за опстанок против Специја.
Најнесреќен од оваа последно 38-мо коло излегува Јувентус, кој иако победи сепак остана на седмата позиција, па Старата Дама ќе мора да се задоволи со учество во Конференциската Лига.