Последното коло во Ла лига донесе интересна завршница пред се во борбата за опстанок. Алмерија со гол од пенал во 86.минута (Адриан Ембарба) изедначи на гостувањето кај Еспањол и стигна до посакуваниот бод што значеше опастанок, бидејќи Ваљадолид не успеа на домашен терен да го победи Хетафе – 0:0. Гол бод освои и Валенсија на гостувањето во Севиља кај Бетис играјќи 1:1, но последните минути беше се играч помалку на теренот.
Дека имаат чуден тек натпреварите во шпанската лига потврдува и фактот што последнотопласираните шест екипи заедно во последните пет кола имаат шест порази.
Новиот шампион Барселона загуби на гостувањето кај Селта, со што оваа екипа во последното коло ја напушти зоната за испаѓање.
Резултати од 38.коло: Мајорка – Рајо Ваљекано 3:0, Осасуна – Гирона 2:1, Реал Мадрид – Атлетик Билбао 1:1, Реал Сосиедад – Севиља 2:1 и Виљареал Атлетико Мадрид 2:2, Бетис – Валенсија 1:1, Селта – Барселона 2:1, Елче – Кадиз 1:1, Еспањол – Алмерија 3:3, Ваљадолид – Хетафе 0:0.
Конечна табела: Барселона 88 бодови, Реал Мадрид 78, Атлетико М. 77, Реал Сосиедад 71, Виљареал 64, Бетис 60, Осасуна 53, Атлетик Билбао 51, Мајорка 50, Гирона 49, Рајо 49, Севиља 49, Селта 43, Кадиз 42, Хетафе 42, Валенсија 42, Алмерија 41, Ваљадолид 40, Еспањол 37, Елче 25.