Екипата на Мајами направи „брејк“ во Денвер и го израмни резултатот на 1:1 во победи во големото финале на НБА лигата.

По девет победи пред своите симпатизери кошаркарите на Денвер конечно се поразени на домашен терен, а за тоа се погрижија „жешките “ од Мајами кои славеа со со 111:108 во натпреварот број два од финалето.

Благодарение на подобрата игра во последниот период тимот од Флорида заслужено славеше победа, па бадијала беше одличната партија на Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл со 41 поен и  11 скока.  Овјпат Србинот имаше слаба поддршка од соиграчите особено Мареј кој го имаше последниот шут за израмнување, но не успеа да погоди па натпреварот го заврши со 18 поени.

Во победничката екипа, Винсент постигна 23, а Батлер и Адебајо додадоа по 21 поен.

Сега финалната серија се сели во Мајами каде ќе се играат два натпревари, а првиот од нив на програмата е во четврток (8 јуни) со почеток во 02:30 часот.