„Специјалниот“ како е прекарот на португалскиот стручњак Жозе Мурињо, не успеа да стигне до нов трофеј од европските купови.
Мурињо кој до синоќа имаше перфектен учинок, со екипата на Рома пропушти можност да стигне до шестиот трофеј.
Јасно му беше на „специјалниот“ и во текот на мечот дека против себе ја има неверојатната традиција на шпанската Севиља која е најтрофејната во Лигата на Европа.
Мурињо збесна во еден миг од натпреварот и се „закачи“ со дел од играчите на противничката клупа.
По натпреварот запрашан за неговата иднина Мурињо одговори.
„Мојата иднина? Во понеделник ќе одам на одмор. Ние ќе зборуваме. Им кажав на сопствениците дека прво ќе ги известам нив во случај да започнам разговори со друг клуб. Му кажав на клубот кога Португалија ме повика во декември за работа во репрезентацијата… за сега, ниту еден друг клуб не ме повика“, нервозно одговори Мурињо.