Давеникот во Серија А, тимот на Верона грчевито се бори за опстанок, а денес на домашен терен имаше одлична можност да направи крупен чекор кон опстанок, меѓутоа домаќините во финишот на натпреварот прокоцкаа победа, па сега ќе мора да бараат чудо против Милан доколку сакаат и следанта сезоан да играат во елитата.
Тимот на Марко Заферони, тргна со императив победа и сосема очекувано притискаше од самиот старт.
Конечно во 61-та минута, резервистот Адолфо Гајч од одбиена топка успеа да го совалда противничкиот голман и да донесе голема радост кај домашните навивачи.
Кога делуваше дека Верона ќе дојде до толку посакуваната победа која во голема мера ќе и помогнеше во борбата за опстанок, следуваше вистински шок во финишот на натпреварот, кога Словенецот Петар Стојановиќ во 96-тата минута донесе изедначување за Емполи.
Со оваа реми, Верона е повторно во незавидна положба, па во следното коло ќе мора да бара најмалку бод или победа против Милан, а да се надева дека Специја ќе загуби кај Рома.