Сениорската женска одбојкарска репрезентација на Македонија по долги години повторно се врати на меѓународната сцена.

За жал, напите одбојкарки со пораз од Австрија го започнаа своето деби во европската Сребрена лига.

Сепак, желбата, мотивот и пожртвуваноста кои ги демострираа нашите одбојкарки, заслужуваат голема пофалба, но пред се поголема поддршка од јавноста.

Иако влезот на натпреварите кои се играат во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен (бесплатен) на синоќешниот малобројна беше публиката, а со тоа и поддршката што ја заслужуваат одвие млади девојки.

Затоа и апелот, во среда (31 мај) и сабота (3 јуни), кога ќе има двојна програмата, сите во „Борис Трајковски“ да им дадеме поддршка на двете наши одбојкарски репрезентации.

Потсетување дека и девојките и мажите следните два меча ги играат на домашен терен.
31.05. (среда)
17:30 часот МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА (жени)
20:15 часот МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА (мажи) 
03.06. (сабота)
17:30 часот МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА (жени)
20:15 часот МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (мажи)