Ракометарите на Еурофарм Пелистер со дуелот против кавадаречки Тиквеш пред својата публика, ја заокружуваат успешната сезона во македонската Супер лига.
Во неа битолчани стигнаа заслужено до шампионскиот трофеј.
Пелистер го симна од тронот скопски Вардар кој сезони наназад доминираше во македонскиот ракомет, па Битола и популарните „Чкембари“ ја слават седмата шампионска титула.
Салата „Боро Чурлевски“ која е исполнета до последното место е обоена во зелено, а се очекува така да биде и по мечот со Тиквеш, на големата прослава на плоштадот „Магнолија“.
Што се однесува до натпреварот, Еурофарм Пелистер го доби Тиквеш со 35-26.