Заврши сезоната во германската Бундес Лигата. Минхенски Баерн е старо новиот шампион. Баварците среќно во последното коло завршија како прво пласирани пред големиот конкурент Дортмунд.

Баерн и Борусија обезбедија пласман во Лигата на шампионите, а покрај овие две екипи Германија во елитната конкуренција ќе ја претставуваат и екипите на и Унион Берлин кои заврши ја на третото и четвртото место.

Фрајбург со победа над Франкфурт обезбеди директен пласман во Лига Европа, а Баер Леверкузен иако заврши со ист број бодови како и Ајнтрахт, сепак „фармацевтите“ на крајот се шесто рангирани и ќе играат во Конференциската лига. 

Следната сезона во Бундес Лигата нема да ги гледаме Шалке и Херта кои завршија на последните две места, додека Штутгарт преку бараж дуелот ќе се бодри за место во елитата. 

Следната сезона ќе гледаме и нов тим во Бундес Лигата, а тоа е екипата на Дармштадт која успеа да го обезбеди прво место, додека во последното коло Хајденхеим и Хамбург ќе се борат за втората позиција која директбо води во прволигашката конкуренција, а послабо пласираниот тим е се бори за пласман преку плеј-оф.