Возачот на Ферари, Карлос Саинз постигна најбрзо време на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Монако, седмата трка од овогодинешниот светски шампионат во Формула 1.
Првата подготвителна сесија на улиците на Монте Карло беше прекината по судирот на Карлос Албон, на излезот од првиот свиок, а бидејќи овој инцидент се случи на помалку од четири минути пред крајот на тренингот, тој беше прекинат и не продолжи.
Инаку, Саинз го извозе најбрзиот круг (1:13.372), а Шпанецот беше побрз од својот сонародник Фернандо Алонсо за 0,338 секунди, додека трето најбрзо време имаше Луис Хамилтон, кој заостана 0,663 секунди зад Саинц.
Утре на програмата се квалификациите за Гранд-прито на Монако ќе се вози во недела со старт од 15 часот.