Во Шпанија продолжува битката за седмата позиција, која води во Конференциската Лига. Осасуна со вечерашниот триумф од 2:0 се израмни со 50 бодови на седмата позиција со вечерашниот противник Атлетик Билбао.
Во првиот дел мрежите мируваа на двете страни, со претпазлива игра на двете екипи, повеќе се гледаше како да се заштити својот гол.
Во вториот дел на домаќините им беа потребни само пет минути да стигнат до водство преку хрватот Анте Будимир.
Атлетик Билбао нападна по израмнувачки погодок, меѓутоа домашната екипа одолеа на нападите и го контролираше водството.
Се играше 78-та минута кога беше досуден слободен удар за Осасуна, а после него следуваше мешаница во која Лукас Торо одлично се снајде и ја затресе мрежата за зголемување на водството на 2:0. До самиот крај немаше посериозна шанса за промена на резултатот и конечниот резултат гласеше 2:0 за Осасуна.
На другиот натпревар одигран вечерва Мајорка славеше со 1:0 против екипата на Валенсија. Ведат Муриќи беше единствениот стрелец на овој натпревар. Со оваа победа Мајорка се наоѓа на три бодови од седмата позиција.
Филип Василевски