Екипата на Манчестер Јунајтед со убедливата победа над Челзи од 4:1 во заостанатиот натпревар од Премиер лигата го потврди пласманот во ТОП 4 и со тоа пласман во Лигата на шампионите во следната сезона. Победата над „сините“ им го донесе и третото место на табелата во моментов со два бода повеќе од четвртопласираниот Њуксал.

Серијата голови ја почна Касемиро во 6.минута, а Ентони Марсијал во судиското продолжение на првиот дел 45+5 минута зголеми на 2:0. Третиот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Бруно Фернандеш 73.минута, а пет минути подоцна Маркус Рашфорд го постигна четвтиот гол за својот тим. Конечните 4:1 ги постави Жоао Феликс во 89.минута.

За тимот на Челзи ова е еден од најслабите пласман во последните сезони, а на коло пред крајот е на 12.то место со 43 бодови.

Од Премиер лигата пласман во Лигата на шампионите обезбедија Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл, додека во Лига Европа ќе играат Ливерпул и Брајтон. Астон Вила (58 бодови), Тотенхем (57), Брентфорд (56) се во конкуренција за пласман Конференциска лига.

Лигата на напушта Саутемптон, додека за другите две места да ги избегнат ќе се борат три екипи во последното коло: Евертон (33 бодови), Лестер (31) и Лидс (31).