Новиот шпански првак, екипата на Барселона го претрпе вториот пораз во низа откако ја обезбеди шампионската титула.
Барса која пред три дена загуби од Сосиедад на домашен терен, вечерва е поразена на гостувањето кај Ваљадолид со 3:1 тим што се бори за опстанок
Домаќините дојдоа до рано водство веќе во втората минута, кога по првото уфрлање во шеснаесетникот на Барса, Андреас Кристенсен наместо да ја исфрли топката, го изненади и совлада својот голман Терштеген.
Само дванаесет минути подоцна (16) веќе беше 2:0, кога Ерик Гарсија направи прекршок во шеснаесетникот на Барса по кој беше досуден пенал. Сигурен реализатор беше Канаѓанецот, Сајл Ларин. Во вториот дел (73) Гонзало Плата беше стрелец на третиот гол за Ваљадолид, а почесниот за Барса го постигна Левандовски (84) и ги постави конечните 3:1
Со оваа победа и трите освоени бодови тимот на Ваљадолид сега е на 17-тото место, последно што гарантира опстанок во Примера, но со само три и четири бодови повеќе од конкурентите за опстанок, Гетафе и Еспањол кои ги играат своите натпревари од оваа рунда.
До крајот на сезоната во Ла Лига остануваат уште две кола.