Познати се двојките за полуфиналето на завршниот фајна-фор турнир во ракометната Лига на шампиони.

Денешната ждрепка на кој беа извлечени паровите, актуелниот европски шампион Барселона за противник ја доби германската екипа Магдебург.

Вториот фаворит за трофејот годинава францускиот ПСЖ за место во финалето ќе се бори со полскиот претставник Киелце.

Традиционално завршницата на елитното ракометно натпреварување се одржува во „Ланксес Арената“ во Келн, а годинашното издание на фајнал-форот е закажано за 17 и 18 јуни.