Кошаркарите на Партизан успеаја да го надминат поразот од Реал, кој ја освои шампионската титулата европски првак. Избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа многу проблеми, во четвртфиналната пресметка со Студентски Центар Дерби во рамките од АБА лигата.
Црно-белите беа поразени во првиот меч на свој паркет, го добија трилер во Подгорица, а вечерва во мајсторката славеа со убедливи 112:83.
Најефикасни кај Партизан беа Џејмс Нанели со 17, Зак Ледеј и Ален Смајлагиќ постигнаа по 14, а Матијас Лесор и Џем Мадар средбата ја завршија со 13 односно 12 поени.
Со конечни 2:1 во победи Партизан се пласира во полуфиналето во кое за противник ќе ја има љубљанска Цедевит Олимпија, која исто така во три натпревар го доби четвртфиналето против ФМП Железник.
Инаку во првото полуфинале, Црвена Звезда веќе го доби првиот натпревар против Будуќност , а утревечер (20 часот) во Подгорица ќе се игра реваншот.
Пласман во финалето на АБА лигата обезбедуваат екипите што ќе остварат две победи.