Тимот на Емполи дојде до веројатно најголемата победа во клупската историја, откако со убедливи 4:1 го победи Јувентус и со тоа му нанесе уште еден удар на гигантот од Торино, кој остана и без 10 бода поради казна.

Гостите од Торино влегоа целосно немотивирани во натпреварот, а сето тоа добро го искористи домаќинот па со брзи голови ја најави големата победа.
Нaјпрвин искусниот Капуто пенал во 18-тата минута донесе предност, за да само три минути подоцна Луперто приреди вистински шок за Старадата Дама.

Слично тргнаа работите и во вториот дел, па по само три минути игра, Капуто по втор пат се запиша во листата на стрелци за убедливи 3:0.

Трошка надеж за Јувентус донесе Киеза во 85-тата минута, но сите прашања околу победата ги реши Пиколи во 92-та минута кога по четврти пат го совлада Шчесни и му нанесе еден од најтешките порази на Јувентус.