Екипата на Јувентус претрпе вистински шок откако федерацијата на Италија одлучи да ја прифати жалбата на обвинителството и го казни тимот од Торино со одеземање на 10 бода.
Иако на средина на сезоната на Јуве им беа одземени 15 бода, кои потоа им беа вратени, сега ситуацијата е поинаква.
Со оваа казна Старата Дама од втората позиција падна на седмата па од сигурен пласман во Лигата на Шампионите, сега виси настапот во било кој евро-куп.
Јувентус вечерва игра против Емполи и со победа ќе се врати на петатта позиција на два кола до крајот.
Од раководството на клубот најавуваат жалба на ваквата одлука.