Екипата на Мулти Есенс е шампион во машката ракометна кадетска конкуренција. Во финалето на завршниот „фајнал-фор“ турнир што се одржа во салата Автокоманда во Скопје, домаќинот Мулти Есенс ги совлада врсниците од РК Струга со 27:22
Двете екипи влегоа во натпреварот со голема мотивација и спремни за борба до последната минута.
Првото полувреме се играше со израмнет резултат до 15-тата минута. Домаќинот со серија од 3-0 поведе со 11:8 за на полувреме да се замине со минимални 18:17 за Мулти Есенс.
Второто започна со серија од 3-0 на Струга, со која гостите успеаја за прв пат на натпреварот да поведе (20:18).
Сепак, домашниот тим не се откажа, па израмни на 20:20. Двете екипи покажаа извонредна игра и борба за секоја топка во последните 10 минути. Сепак, тимот на Мулти Есенс се покажа како поквалитетен и успеа да оствари победа со резултат 31:29 со што ја освои шампионската титула.
Третото место го освои екипата на Еурофарм Пелистер со победа над Голден Арт со 27:22.
Ивона Кимовска