Македонската машка одбојкарска репрезентација ги продолжува во Скопје подготовките за настап во Европската Златна лига и Европското првенство на кое ќе биде домаќин на крајот на летово.
Лидерот и капитен Никола Ѓорѓиев верува дека, со новитетите што ги воведе повратникот селектор Јошко Миленковски, како и со големиот труд што го вложуваат неговите соиграчи, пред нашата репрезентација претстои прекрасно одбојкарско лето, исполнето со многу успеси и радост за целата македонска јавност.
настапот во Европската Златна лига, во која македонските одбојкари за противници ќе ги имаат Украина, Белгија и Холандија се своевидно загревање (подготовка) за главниот настан што ги очекуваа, а тоа е Европското првенство (крајот на август – почеток на септември) на кое Скопје ќе биде еден од градовите домаќини.
На европскиот шампионат Македонија е за противници ќе ги има: Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска.