Вест Хем во судиското продолжение обезбеди финале во Конференциската лига. Победата ја донесе Пабло Форналс, кој биеше за 1:0 во 90+4 минута и со вкупен резултат од 3:1 Вест Хем го елиминираше Аз Алкмар.
Екипата на Вест Хем во натпреварот влезе премногу тактички како и што треба на секој елиминационен двобој.
Аз Алкмар тргна во целосна офанзива бидејќи имаа да надополнат само еден гол негатива. Тоа не вроди плод за силната одбрана на „чеканите”.
Избраниците на Дејвид Мојс мудро ги чекаа своите шанси, иако беа многу помалку на број од тие на Алкмар. Тие ја искористија својата можност во 94.та минута, кога Пабло Форналс го постигна голот за победа.
Вест Хем во финалето ќе го чека победникот од дуелот меѓу Базел и Фиорентина, кој во овој момент се игра на продолженија. Финалето се игра на 7.ми јуни во Прага.
Андреј Вељановски