Во последното коло од женската Супер лига, екипата на Ѓорче Петров постигна победа против тимот на Чаир со резултат 33:31.
Натпреварот стартуваше со серија од 4-0 за Ѓорче Петров. Ракометарките на Ѓорче Петров имаа успешна комбинација на напад и одбрана, што ги остави противниците без постигнат гол во првите 5 минути. Чаир се обидуваше да ја намали разликата, но гостинскиот тим не дозволи никакво изненадување, па во 14-тата минута имаше +5 за 10:5. Екипата на Ѓорче Петров имаше целосна контрола па резултатот во првата половина беше 18:13 во нивна корист.
Во второто полувреме Ѓорче продолжи со својата доминација и успеа да ја оддржи разликата. Во неколку наврати, Чаир имаше добри можност за голови и создаде притисок врз одбраната на Ѓорче Петров. Чаир не се откажа, па со серија од 6-0 успеа да намали на 29:30 што го направи овој натпревар повозбудлив. Меѓутоа гостинските ракометарки не дозволија да изедначување па крајниот резултат беше 33:31
Емилијана Ризоска беше најефикасна во победничкиот тим со дванаесет погодоци. Филипоска и Гулицоска се истакнаа кај Чаир со по седум погодоци.
Ѓорче Петров го освои првото место со 37 бодови, додека тимот на Чаир е третопласиран.