Фудбалерите на Барселона, вчера имаа спектакуларна прослава низ улиците на престолнината на Каталонија, а по обезбедувањето на новата шампионската титула во шпанската Ла Лига.

Со завчерашната победа над градскиот ривал Еспањол со 4:2, Барселона создаде недостижна предност во однос на лутиот ривал Реал Мадрид, па каталонскиот гигант се радуваше на шампионскиот трофеј уште на теренот на Еспањол.

Но, радоста не траеше долго, бидејќи лутите навивачи на градскиот ривал Еспањол кој најверојатно ќе се пресели во Втората лига, едноставно ги „избркаа“ фудбалерите и членовите на стручниот штаб.

Деновиве секако актуелна е таа случка, а оттаму и инспирацијата за видеото што следува:
„СО МАКЕДОНСКА ПЕСНА, НАВИВАЧИТЕ НА ЕСПАЊОЛ И ЈА ЧЕСТИТАА ТИТУЛАТА НА БАРСА“