Фудбалерите на Барселона немаа можност докрај да се израдуваат на новата шампионска титула.

Причината се навивачите на градскиот ривал Еспањол, тим кој најверојатно по поразот од Барса, ќе се пресели во втората шпанска лига. 

Додека на средината на теренот на „РЦДЕ Стадион“ фудбалерите на Барселона го започнуваат шампионскиот „танц“ голема група на навивачи на Еспањол се пуштија кон нив, па избраниците на Чави, а и самиот тој спасуваа „глава“. 

Среќа брзата интервенција на редарите и полицијата спречи овој настан да прерасне во поголем инцидент.

Во продолжение видео од инцидентот, а головите од натпреварот видите ги ОВДЕ.