Ништо ново кога во прашање се грчките навивачи без разлика дали тоа бил фудбалот или кошарката. Познати се по својата страст кон нивните омилени клубови, но и начинот на кој ги прославуваат успесите со големо користење на пиротехника.
Таков беше синоќешниот случај во Атина, каде навивачите на АЕК ја прославуваа новата шампионската титула во фудбалското првенство на нашиот јужен сосед.
АЕК со 4:0 го победи тимот на Волос во натпреварот од последното коло со што го потврди првото место на табелата, а со тоа жолто-црните ја освоија 13-тата титула, прва по пауза од пет години.
Не само на стадионот туку и низ атинските улици навивачите на АЕК до доцна во ноќта ја славеа шампионската титула.