Екипата на Партизан Водно Санс денеска го започнува својот настап во „Супер финалето“ на Европската младинска кошаркарска лига (ЕИБЛ).

За скопскиот кошаркарски клуб, ова е второ настап сезонава на завршниот турнир во ЕИБЛ лигата, откако на првиот за играчи до 17 години беше успешен домаќин, а го освои и сребрениот медал.

Сега Водно Санс ќе настапи со екипата на играчи до 16 години на финалниот турнир во унгарскиот град Печ, каде се седумте најдобри екипи кои по петте турнири остварија најдобар „скор“.

Предводени од тренерот Един Имер „Сонцата од Водно“, ќе се обидат да го повторат, па и надминат успехот на една година постарата селекција, и да се израдуваат на шампионскиот трофеј.

Патот до него сторува вечерва со дуелот против романската екипа ЦСУ Букурешт.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
12.02.2023 Водно Санс – ЦСУ Букурешт (Романија) 21:00
13.02.2023 Водно Санс – Ратбергер Академија (Унгарија) 14:00
14.02.2023 Водно Санс – БУБА Баскет (Бугарија) 09:00