Македонската одбојкарска репрезентација веќе неколку дена е на Маврово, каде предводена од старо-новиот селектор Јошко Миленковски ги одработува подготовките за двете големи натпреварувања што и претстојат.

Еден од поискусните во националниот тим Филип Деспотвски во интервјуто за МРТ вели дека подготовките течат со голем интензитет и дека се работи напорно, но целта е јасна пред се одличен настап на Европскиот шампионат, а натпреварите од Европската лига треба да послужат токму во остварување на таа цел.

На крајот на месецов, македонските одбојкари прво ќе ги играат натпреварите во Златната Европска лига, во која за противници ќе ги имаат селекциите на Белгија, Украина и Хрватска, а во септември следува и настапот на Европскиот шампионат.