Завршниот турнир на ракометниот Куп на Македонија што се одржува во Охрид, во салата ,,Билјанини извори”, денеска продолжува со полуфиналето кај дамите. Откако вчера ги дознавме финалистите во машка конкуренција Еурофарм Пелистер и Вардар, денеска ќе дознаеме која ќе биде втората екипа, покрај Куманово, која ќе игра во финалниот меч.
Веќе е познато дека Куманово без борба, си обезбеди место во финалето, за кое ќе се борат Вардар и Ѓорче Петров.
Така фокусот ќе биде насочен кон дуелот во кој вардарки ќе го предизвикаат актуелниот шампион тимот на Ѓорче Петров, во натпреварот на екипите кои важат за фаворити не само за финалето туку и за освојување на куп пехарот.
На последниот меѓусебен натпревар, Ѓорче успеа да победи со минимална разлика 26:25. Ова секако ќе за вардарки ќе биде мотивација повеќе да се реваншира и да покаже дека може да се избори за победа во овој полуфинален натпревар.
Натпреварот започнува во 20 часот а ќе го судат Лејла Јашар и Михаела Капсарева.
Љубителите на ракометот имаат можност да уживаат во одлични натпревари, каде што ќе има многу неизвесност и добра игра. Огромната поддршка на „фановите“ ќе биде еден од најзначајните аспекти за ракометарките на овие полуфинални натпревари во Купот на Македонија.
Победниците од полуфиналните натпревари ќе играат во финалето на Купот на Македонија, кое е закажано за утре во 15 часот.
Ивона Кимовска