Каталонскиот гигант, Барселона ќе остана без уште една своја легенда, со оглед на тоа што по крајот на сезоната клубот ќе го напушти капитенот, Серхио Бускетс.

СерхиоБускетс апсолутна легенда на клубот и веќе од 18 години е дел од истиот, од најмладите возрасти до капитенската трака во сениорскиот тим. Со Барса освои сè што можеше да се освои, трипати го крена трофејот во Лигата на шампионите, трипати ги освојуваше Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Во Шпанија пак, Бускетс осум пати беше првак во Примера, а има по седум трофеи во Купот на кралот и Суперкупот.

Барселона и Бускетс со емотивно видео го потврдија заминување на капитенот.