Култниот стадион „Сан Сиро” секогаш носи легендарни натпревари, а сега двомечот на сезоната меѓу двата градски, милански ривали. Влогот е голем, како и пред секое Миланско дерби, но овојпат како и во 2003 година наградата е место во финалето на Лигата на Шампиони.
Екипите на Милан и Интер не ги играат најсјајните сезони во Сериа А, но затоа одиграа доволно добро за да обезбедат полуфинале во Лигата на Шампиони. Секоја екипа има различни добивки од ова финале, но подеднакво е значајно токму за италијанскиот фудбал.
Екипата на Милан ја предаде титулата во италијанската лига на Наполи, и во моментов не се на позиција од која би биле задоволни. Во моментов ја имаат петтата и заостануваат два бода токму зад Интер. Формата им е променлива, но покажуваа на моменти зашто се шампиони и добро се носеа со потешките противници.
Милан цела сезона се мачи со повреди, кои можеби да не беа толку чести ќе имаа подобар пласман на табелата. Финале за „росо-нерите” би значело крај на лошата епизода која ја имаа до пред две сезони, би значело дека се зрели за успеси и Стефано Пиоли уште еднаш би докажал дека „не му стои” епитетот „сериски губитник”. Доведен беше во Милан за време на ковид сезоната 2019/20, Стефано Пиоли се дури не седна на клупата на Милан имаше негативен биланс како тренер. Милан бараа пеивремено решение, но го најдоа идеалниот тренер за нив. Човек кој им донесе победничка култура и ја врсти „гордоста” на Италија онаму каде што припаѓа, во Лигата на Шампиони.
Двомеч на сезоната, а за некои можеби и на кариерата во екипата на Милан. Постојат многу калкулации, но овој успех може да значи нов почеток за седумкратниот европски првак, може да значи прво скалило кон нови огромни успеси ширум Италија и цела Европа.
Интер пак во последниве неколку сезони, изгледаше на екипа што им недостигаше само едно делче од сложувалката за да постигнат европски успех. Во 2020 дури беа финалисти во Лига Европа. „Неро-аѕурите” беа единствената екипа што се осмели да изгради тим, да проба да парира во доскорешната ера на Јувентус. Токму „под палка” на човекот кој започна нова ера на успеси во Јувентус, Антонио Конте, Интер успеа да ја прекине доминацијата на Јувентус која траеше 9 години. Конте не е повеќе тренер на Интер, Стефани Инзаги е предводникот и може да се каже дека Интер изгледаше на разочарување под негово водство, се додека не дојдоа до ова полуфинале во Лигата на Шампиони. Победа би значело дека се на прав пат Интер, победа би значело дека Инзаги носи успех, финале би значело дека Интер се новата фудбалска сила на Италија.
Што и да се случи клучните моменти во 180-те минути, а можеби и повеќе, на некој ќе му донесе нова страница во италијанскиот фудбал.
Едно се сигурно. Италија ќе има свој претставник во финалето, а дали тоа ќе биде Милан или Интер ќе дознаеме по двата натпревари, од кои првиот е вечерва од 21 часот.
Андреј Велјаноски