Екипата на ПСЖ ита кон нова титула во француската лига, откако вечерва оствари нова победа над Троа со 3:1 на гостински терен.
ПСЖ имаше тотална доминација која започна уште во првото полувреме и продолжи така до крајот на натпреварот. Килијан Мбапе повторно беше стрелец, овој пат го отвори резултатот во 8.та минута за 1:0. Во второто полувреме Витиња зголеми на 2:0, со голот постигнат во 59.та минута.
Во 83.та минута Хавиер Чавалерин го даде почесниот гол за Троа, а конечните 1:3 ги постави Фабијан Руиз во 86.та минута.
ПСЖ со оваа победа се зацврстува на лидерската позиција со 78 бода, по 34 одиграни кола, дури 6 бода повеќе од второпласираниот Ленс. Троа остануваат на претпоследната позиција со 22 бода, без многу надежи за опстанок во Лига 1.
Андреј Велјаноски