Милионерите од Дортмунд покажаа моќ и со убедливи 6:0,  лесно се справија со Волсбург со што навести борба за титулата до самиот крај.

Резултатот го отвори младиот Адејеми кој во 14.минута со глава го постигна првиот гол на натпреварот.

Истиот Адејеми асистираше во 28.минута а рутински реализираше Себастијан Хелер.

Пред крајот на првото полувреме и Мален се запиша на листата на стрелците по одлична акција со Брандт за убедливи 3:0 на полувреме.

„Милионерите“ не запраа и во второто полувреме и за 15 минути уште два пати ја затресоа мрежата на противникот. Најпрвин  Белингам во 54.минута погоди за 4:0, за да само пет минути подоцна  Адејеми со својот втор гол зголеми на 5:0.

Како за крај Белингам повторно се запиша на листата на стрелците со последниот гол од натпреварот во 87 минута за конечните 6-0 за Борусија Дортмунд.

Победата на Дортмунд ги диближи до лидерот Баерн на само бод заостаток, со што најавија борба за титулата до самиот крај