Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе се обиде да стигне до седмата победа во седмото издание на „Skopje Run 10k“.
Ивановски (од годинава член на АК Коранерс) досега има победи на шесте одржани трки популарните „10-ки“ на скопските улици. Трката ќе стартува кај фонтаната во Градски парк, каде воедно ќе биде и целта.
На годинашново издание пријавени се повеќе од 1.500 натпреварувачи од 16 држави.
Дарио Ивановски, кој важи за апсолутен фаворит за победа на трката од 10 километри ќе има можност да го напаѓа и македонскиот рекорд на 10 километри на улична трка, кој истотака е во негова сопственост.
Стартот на трката е во недела во 9 часот и ќе се трча по улиците Илинденска и дел од Партизанска, кога на овие улици ќе има посебен режим на сообраќај.