Борбата за шестата позиција и излез во европа помеѓу Атлетик Билбао и Бетис заврши со минимална победа на гостите од 0-1, со што Бетис остана на шестата позиција во Ла Лигата.
Во еден натпревар на две речиси изедначени екипи, кои беа во серија лоши резултати подобро се снајдоа гостите, кои уште во шестата минута преку Вилиан Хосе дојдоа до предност од 0:1, предност што ја сочуваадо крајот на натпреварот.
Билбао притискаше и со сите силе се обидуваше да се врати во натпреварот, а најблиску до тоа беа во 69.-тата минута кога Сансет ја стресе противничката пречка. Гостите мудро го чуваа голот до крајот и запишаа важна победа.
Победата на Бетис ги доближи до Виљареал кој се наоѓаат на петото место со 54 поени, додека пак Атлетик остана на седмата позиција со 47 бода.





































