Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валекано успеаа да слават 2:1 на домашен терен со Ваљадолид. Со оваа победа Рајо се зацврстува на средина на табелата, додека Ваљадолид ја продолжува битката за опстанок.

Првото полувреме беше израмнето со неколку полушанси на двете страни, а головите изостанаа.

За разлика од првиот дел, во второто полувреме Рајо Валекано нападна конкретно и по само 3 минути игра со голот на Раул де Томас дојде до водство.

Ваљадолид ја презеде иницијативата и се обидуваше да израмни, но Столе Димитриевски беше на висина на задачата.

Во 80-тата минута Сергио Камељо ја зголеми предноста на 2:0 и го доближи Рајо на чекор до победата.

За неизвесна завршница се погрижи Сегио Рамос со гол во 84-тата минута, кога намали на 2:1.

До самиот крај Столе Димитриевски се погрижи да не дојде до изненадување и да биде повторно совладан.

Филип Василевски