Ново издание на Скопје трча 10км, трката која станува дел од традицијата на град Скопје.
Лимитираната бројка од 1500 учесници е исполнета, со што се докажа дека граѓаните се грижат за своето здравје, но истовремено го подигнуваат и спортскиот дух.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички и СК Софка.
Учесниците своите 10 километри ќе ги започнат пред фонатаната „Лотос“ и ќе трчаат по булевар Илинден и по дел од булеварот Партизански одреди.
Тркачите се сместени во 5 стартни бокса според времето кое тие го имаат обрано. Стартот на трката е во 9 часот во недела на 7.мај.