Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, денеска и утре денеска и утре ќе се одиграат и вторите натпреварите од четвртфиналната серија на плеј-офот.

Со себе носат уште четири неизвесности, а се чини дека сепак, за нијанса поголема треба да биде онаа што ја носи мечот во кавадаречки „Јасмин“. Екипата на Еуро Никел 2005 го дочекува ТФТ Моцарт во обид пред својата публика да ја искористи предноста која ја донесе со победата на првиот натпревар од гостувањето во Скопје.

Во Гевгелија, шампионот МЗТ Скопје Аеродром патува со предност од 1:0, но и со нов тренер. Откако Драган Николиќ заработи казна од 10 натпревари, аеродромци решија да ја прекинат соработката со Србинот, па сега сино-белите титулата ќе ја бранат со неговиот довчерашен помошник Атанасов.

Во „Јане Сандански“ екипата на Феникс ќе се обиде да направи изненадување против фаворитот, Пелистер, кој потешко од очекуваното славеше победа на првиот натпревар.

Реванш кругот ќе биде заокружен утре во СРЦ „Кале“ каде Работнички го пречекува Гостивар со  императив на победа доколку сака да остане во игра за полуфиналето.

ПЛЕЈ-ОФ ПОЛУФИНАЛЕ – РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ
СРЕДА
18.00 КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ А. (0:1 во победи)
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ТФТ МОЦАРТ (1:0)
20.00 ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР (0:1)
ЧЕТВРТОК
17.00 РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР (0:1)

Сите актуелности поврзано со овие натпревари може да ги прочитате ОВДЕ,
а водено и да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО