Во конференциското полуфинале на западот каде што играат Голден Стејт „Вориорс” и Лос Анџелес „Лејкерс” заврши во полза на гостите од Калифорнија со резултат од 117-112 за водство од 1:0 во победи.

По израмнетиот прво полувреме во кое двата тима добија по една четвртина, во второто, Лејкерси ја презедоа контролата на резултат имаа во завршните три минути и +14, но домаќините се серија стигнаа до израмнување, но немаа сили и за комплетен пресврт.

Најефикасен на натпреварот беше Ентони Дејвис со 30 поени и 23 скока, а поддршка имаше од Леброн Џејмс со 22 поени и 11 скока. Стеф Кари се истакна кај поразените со 27 поени. Следниот натпревар се игра во Сан Франциско за два дена. 

Мајами без Џими Батлер немаше сили за нова гостинска победа кај Њујорк, па „Никси“ со триумфот со 111-105 го израмни резултатот на 1:1 во победи во полуфиналето на истокот.

Бонсон со 30 поени, Рендл со дабл-дабл со 25 поени и 12 скокови, заедно со Барек кој додаде 24 поени, беа триото кое на Њујорк му ја донесоа победата.

Следните два натпревари во серијата подобар до четири се играат во Мајами.

Андреј Велјаноски