Со победа над Турција машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија го потврди пласманот на следното Европско првенство, што догодина ќе се одржи во Германија.
Во не така исполнетата сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје (очекувавме повеќе публика), македонските ракометари беа подобри од турските кои ги совладаа со 30-27 , па со четири победи (по две над Луксембург и Турција) и двата порази (од Португалија), Македонија заврши како второ пласирана во својата квалификациска група.
Со големи осцилации црвено-жолтите го одиграа овој натпревар. По нерешените 3-3, следуваше серија на нашата репрезентација со четири гола за водство од 7-3.
Резултатот го контролиравме со до 22-минута кога Филип Кузмановски се здоби со повреда и на носила беше изнесен од арената.
Во продолжението тоа како ја наруши играта на нашиот тим, па пред се благодарение на Мартин Томовски кој имаше седум одбрани во првиот дел, на паузата се замина со нерешени 15-15.
По нешто повеќе од две минути игра во вториот дел, гостите направија серија од три гола за водство од 18-15, па Лазаров беше приморан рано да побара тајм-аут.
Турците имаа и +4 (24-20), по што до крајот на натпреварот нашите ракометари предводени од Марко Митев, направија фантастична серија со 10-3 и на крајот заслужено се радуваа на победата со конечни 30-27.
Најефикасни во нашата селекција беа Жарко Пешевски и Марко Митев кои постигна по 5 голови, со додека Мартин Серафимов беше стрелец на 4 гола
Мора да ја истакнеме и брилијантната партија на Томовски кој имаше успешни 15 одбрани.
Македонија квалификациите ги завршува со 8 победи како второ пласирана зад Португалија со која ги освои максималните 10, па овие две селекции сега ќе ја очекуваат ждрепката за европскиот шампионат што ќе се одржи во јануари следната 2024 година.